МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пожарот е локализиран и спречена е поголена штета

Пожар избувна денеска во куќа на улицата "Димката Ангелов-Габерот" во Кавадарци. Според информациите од командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, пожарот го зафатил подрумскиот дел од објектот.

-Една просторија е изгорена, а другите се опожарени и исчадени. На лице место интервениравме со две противпожарни возила и тројца пожарникари. На помош ни дојдоа и две лица со едно противпожарно возило од компанијата "Кожувчанка", соопшти Богевски. Дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.