МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Три лица се тешко повредени, а едно полесно.

Сообраќајката се случила денеска околу два часот се случила во Неготино. Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, сообраќајната несреќа била на регионалниот пат Р 103 Кавадарци-Неготино, на влезот во Неготино, кај станицата за технички преглед "Антигона".

-Патнички автомобил "опел астра" со велешки регистерски ознаки, управуван од 35 годишното лице Н.А. од село Стојаково, излегол на левата страна од патот и удрил во заштитната ограда и објектот на Агросервис, соопштува Додевски.

Возачот се стекнал со телесни повреди и бил задржан на лекување во кавадаречката општа болница, а останатите тројца сопатници, исто така млади лица, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во клиничкиот центар во Скопје.