МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Соопштение на СДСМ-Кавадарци

Интегрален текст:

„ВМРО-ДПМНЕ 8 години е локална власт во Кавадарци. Ветуваа многу проекти, но скоро ништо од тоа не реализираа. Да се потсетиме: Ветуваа Аква парк, Затворен пазар и Деловно-Трговски Центар, Подземен коридор, реконструкција на главните улици и булевари, Затворен базен, Соларен град на Витачево и уште многу други проекти. Од тие проекти ништо не се реализираше.

Сега со безмалку истите проекти, ДПМНЕ и нивниот кандидат Јанчев, потценувајќи ја интелегенцијсата на граѓаните на Кавадарци, повторно ја бараат довербата на граѓаните на Кавадарци.

Горица Пеливанова-Вилхелм 8 години е во Советот и не се заложи за реализација на тие нивни ветувања. Денеска истата личност е повторно носител на советничката листа на ДПМНЕ за Кавадарци.

Како да очекуваме истите истрошени и корумпирани политичари како Вилхелм да сменат нешто на подобро во Кавадарци.

Исто така и нивниот кандидат Јанчев, 8 години беше десна рака на градоначалникот Александар Панов. Скоро ништо од програмата на ВМРО-ДПМНЕ не се оствари. Од нивните спотови и програми останаа само еден куп лаги и манипулации.

Граѓаните на Кавадарци нема да дозволат повторно истите корумпирани луѓе, кои 8 години владеат во Кавадарци, повторно да владеат уште 4 години. Граѓаните на претстојните избори ќе ги казнат лагите и манипулациите на ДПМНЕ и нивното осумгодишно корумпирано владеење во Кавадарци“, се вели во соопштението до јавноста.