МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Прес на Бетиане Китев посветен на економските прашања

(

Интегрален текст:

„Она што го ветивме лани на парламентарните избори, сега со новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев и Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, го остваруваме. Ги враќаме парите кај граѓаните.

Ја вративме ефтината тарифа на струјата, ја покачивме минималната плата на 12.000 денари, ја укинавме радиодифузната такса, издвоивме по 10.000 евра субвенции за млади земјоделци, го решивме проблемот со стечајните работници. Но, ова е само почеток.

Промените кои значат подобар живот за сите како на централно, ќе се случуваат и на локално ниво. Во нашата програма имаме предвидено повеќе проекти кои ќе го забрзаат локалниот економски развој на Кавадарци.

Посебен акцент ќе биде ставен на микро, малите и средни компании кои ќе бидат субвенционирани како од централната, така и од локалната власт.

Понатаму, го ставаме во функција неискористениот туристички потенцијал на Кавадарци. По примерот на Тоскана во Италија, градиме вински пат во Кавадарци кој ќе го заобиколува градскиот парк и ќе завршува на улица “Дисанска“. Патот ќе располага со атрактивни туристички содржини и ресторани за дегустација на вината од Тиквешијата.

Посебен акцент ќе биде ставен врз еколошката и енергетската ефикасност, преку поголемо исползување на обновливите извори на енергија, како и воведување на мерки за намалување на загадувањето. Целта е Кавадарци да стане зелена оаза во Централна Македонија.

Во соработка со централната власт, ќе го донесеме гасот во Кавадарци, кој како ефтин енергенс ќе им даде дополнителен поттик на фирмите, заштедените пари да ги реинвестираат во нови капацитети и да вработуваат нови работници.

Почитувани сограѓани, ве повикувам на 15-ти октомври да гласаме за број 19. Да гласаме за промени во нашата општина. Да гласаме за Кавадарци да стане развиена и модерна европска општина. Општина за сите!“ се вели во изјавата на денешната прес конференција во СДСМ-Кавадарци.