МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Aкцијата за крводарување беше организирана денес ( 8/02/2018 година) во ВВ„Тиквеш„, а ја организира ОО на Црвен крст Кавадарци

„Вкупно 20 крвни единици се дарувани во крводарителската акција во Винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци.Истата е реализирана со екипа на трансфузиологија при Општа болница -Кавадарци. Успешна акција, со оглед на тоа што пред 10-тина дена се спроведе слична активност во општина Кавадарци. -Во 2017 година реализирани се над 1.800 крвни единици во двете општини Кавадарци и Росоман, а предвидениот годишен план е 1.180. Значи над 600 крвни единици повеќе од предвиденото, што се должи на големата хуманост и солидарност на граѓаните на овие две општини. Од име на Црвениот крст и од име на оние на кои крвта им е неопходна по нивното здравје изразуваме голема благодарност и респект за сите крводарители за покажаната хуманост од нивна страна, изјави за РТК.МК -Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст Кавадарци

images.jpg