„Ако сте наши чесни сограѓани и со искрени намери за доброто на градот и вработените ве молам престанете и оставетене да си го оствариме нашето право за егзистенција“ се вели во обраќањето на раководствто на синдикатот достравено до нашата Редакција

„Во интерес на вистината Синдикалната Организација при Фени индустри сака да им појасни на сите злобници кои машки и отворено да ни го соопштат тоа во лице а не цело време да се затскриваат и да ни вршат опструкции во нашето работење и искрени намери за нашата компанија.

Јас навистина не знам кои се вашите интереси но за тоа ние нема да ви судиме за тоа ке ви судат вработените во Фени индустрис, сите добронамерници кои сакат Фени да се издигне како Феникс повторно и да донесе само добро и само добро на сите сограѓани во Кавадарци кои егзистирааат и чесно го вадат лебот. Затоа ви порачувам да престанете со глупирање и да не оставите да си го оствариме нашето право на работа и егзистенција. Во услови кога имаме инвеститори, вие како некои лешинари сакате да се офајдите со некоја корист без да ви биде јасно дека ова за нас значи живот.Ако сте наши чесни сограѓани и со искрени намери за доброто на градот и вработените ве молам престанете и оставете не да си го оствариме нашето право за егзистенција.Вработените во Фени само сакаат да не одиме под стечај и да работиме, а за потенцијалните инвеститори веќе и самите од последното наше известување дека не заземаме страна,впрочем за нас не е битно кој ќе го купи Фени за нас е битно тоа што веќе неколку пати го напомнуваме а тоа е да не одиме во стечај и редовно да ги земаме нашите лични доходи кој за нас значат многу.Впрочем вие однадвор како да не сте наши сограѓани и упорно продолжувате да не оцрнувате во ваквате тешки моменти за нас.Оставете ги вашите ситни интереси и намери и уште еднаш ве молиме како наши сограѓани да почнете да не подржувате и помагате во нашите искрени намери да работиме и егзистираме од Фени а исто така да егзистираат и другите компании кои соработуваат и егзистираат од Фени. Во врска со нашиот најавен протест пред локалните филијали на банките однапред сакаме да им се извиниме на нашите сограѓани со кои секој ден се гледаме поздравуваме и пиеме кафе и од нив да ја побараме подршката и разбирањето за нашите проблеми бидејќи на сите им е јасно што значи Фени за сите кои егзистираме од Фени,“

се вели во Соопштението на Синдикалната организација на Фени Индустри упатено до Порталот www.rtk.mk