МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци во рамките на програмата за комунално уредување реализира проект за проширување на пристапниот пат кон гробиштата во село Ваташа. Ангажираната оператива на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци денес работеше на расчистување и проширување на делница од оваа улица. Според проектот улицата ќе биде проширена за еден метар, а на критичните места ќе се изградат потпорни ѕидови за стабилизирање на земјиштето и спречување на можно лизгалиште. Проектот има за цел подобрување на безбедноста и пропустната моќ на оваа сообраќајница чија траса е на угорница. Се реализира на барање на месната заедница Ваташа. 153808719_2972511916306183_3501082813615491518_n 152915229_2972511906306184_2409690701505999132_n