МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Oд подрум на улица „Кочо Рацин„ во Кавадарци украдени се 30 тегли ајвар и друга зимница

Кражбите на зимница се ретки и кога се случуваат се интересни како појава за новинарите, а повеке од се на оние кои ја прават и чуваат зимницата дома .За кражби на домашна ракија пишувавме ова пролет кога , веројатно добро информирани крадци забележале каде се чува и изнеле повеке десетици литри ракија складирана во туби , но за кражба на ајвар,кражбите се помалку изразени.Дека и тоа е присутно ова есен говори податокот дека на 17 аоктомвригодинава СВР Велес на подрачјето на ПС од ОН Кавадарци регистрира ваква кражба на зимница на улицата „Кочо Рацин„ во Кавадарци во подрумските простории на зградата.Украдени се 30 тегли ајвар во стаклени тегли,друга зимница во помали тегли, два пакети вино и друга зимница која домаќинот си ја спремил за зимава. Кражбата е заведена во билтенот на СВР-Велес, а денеска порпаролот Верољуб Додевски ни потврди за неа.

Имаме неофицијална информација дека во меѓувреме крадците се фатени, и поголемиот дел од зимницата му е вратена на сопственикот.Ова само упатува на поголемо внимание кај граѓаните за превентивна заштита на приватните добра кои се чуваат во подруми особено во зградите кои се исковани само со летви.Причина повеке во таквите подруми да не чувате вредни производи, па макар и зимница за која сте потрошиле пари и мака за да ја подготвите.Ако се краде зимница -арамиите моѓат да посегнат и по ракија и други работи .Затоа превенирај те.