МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот Митко Јанчев бил на средбата со вицепремиерот за економски прашања Кочо Аншушев и оптимист е дека Фени ке продолжи со работа.

Без разлика дали во понеделник на 13 ноември ќе се добие подобрена понуда од Енекод или ќе се отвори било каква постапка во Фени таа ќе заврши со активно реструктуирање на компанијата и со понатмошна нејзина деловна активност за најдоцна 1,5 до два месеца.

Ова денеска во Владата го изјавил вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев

- Се очекува до понеделник Енекод да даде подобрена понуда кон банките, но и доколку тоа не се случи повторно сум оптимист дека и преку судска постапка ќе настане реактивирање на Фени за месец и половина до два. За компанијата има повеќе заинтересирани инвеститори, а погодува и цената на фероникелот која во моментов расте, рече Анѓушев и додаде дека е сигурен от Фени ќе заврши со рестартирање.Нагласи дека преговорите меѓу Енекод и банките се надвор од ингеренциите на Владата, но додаде дека процесот будно се следи.

Ќе бидеме задоволни доколку Енекод ги задоволи критериумите на банките, но и ако не успеат да се договорат постојат групи на инвеститори кои се подготвени да ја рестартираат компанијата и таа за месец и половина до два и да биде во полна функција, потенцира Анѓушев.

-Во изјава за медиумите и градоначалнилот на Кавадарци Митко Јанчев е оптимист дека позитивно ке биде решена судбината на Фени.

Неофицијално дознаваме дека протестите на работниците на Фени се ставени во мирување.