МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На денешната конститутивна седница советниците со 9 за и 8 против и еден воздржан глас го избраа Ристо Сакалиев за нов претседател на највисокото општинско законодавно тело

Советот на општина Кавадарци денеска денска се конституира и го доби претседателот на телото кое заедно со градоначалникот ке ја имаат најважната и најодговорна функција наредните 4 години.Нов претседател на Советот е Ристо Сакалиев-кому ова ку е 5-ти советнички мандат.На последниот чин на гласањето му претходеше вообичаената процедура.Со седницата започна да ја претседава поранешниот претседател на Горица Пеливанов–Вилхелм , по што со новиот состав на Советот претседаваше највозрасната од присутните избрани советници Мирјана Гркова-од Коалицијата предводена од СДСМ.Беше избрана верификационата комисија која ги верификуваше Уверенијата а со тоа и мандатите на сите 19 советници од кои 9 се од Коалицијата предводена од СДСМ, 8 од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ еден од Советничката листа група избирачи Ристо Сакалиев и еден од партијата ГРОМ .Сите 19 советници дадоа свечена обврска по што беа потпишани изјавите што е законска процедура.

По неколку паузи и консулатации поради кои беше прекинувана седницата а траеја два часа, беше донесено решението а потоа избрана и Комисијата за мандатни прашања избори и иманувања .

Комисијата по заседавањето предложи двајца кандидати за претседател на Совет:Горица Пеливанова од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Ристо Сакалиев-предлог на СДСМ.Првиот круг на гласање покажа дека и двајцата кандидати добија идентичен број гласови (по 9) еден советник гласаше воздржано.Законски веднаш се помина на втор круг на гласање по што советникот Ристо Сакалиев доби 9 гласови а кандидаот на ВМРО-ДПМНЕ 8 гласовци, еден советник остана воздржан а еден советник не беше присутен во салата. По ова со мнозинство гласови Ристо Сакалиев беше прогласен за за претседател на Советот на Општина Кавадарци во наредните 4 години.

На избраниот претседател на Советот му честитаа колегите, како и градоначалникот Митко Јанчев, а во изјавата за медиумите Сакалиев рече дека ке работи во интерес на сите граѓани ке биде баланс на двете политички опции и вети дека сите проекти кои се од интерес на граѓаните ке настојува да бидат реализирани.

Првата наредна седница е закажана за среда напладне.

0000000000000000001.jpg.jpg