МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВО КАВАДАРЦИ ХУМНАНИТАРНА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ НАЈМНОГУ ДОСТАВУВААТ КОМПАНИИ И ЗДРУЖЕНИЈА

Правните субјекти и Здруженијата го презедоа хуманитарниот дел на обврската да им се помогне на нашите сограѓани во Скопско и Тетовски, кои викендов доживејаа голема елемнтара катастрофа.Тоа беше случај вчера а се продолжи и денеска.

Според претседателот на Општинската организација на Црвен Крст- Димитар Каракулев, денеска донациите се конкретни и во најави има уште неколку денеска во просториите на пунтот на Црвен Крст својата хуманитарна помош ја донесоа компаниите; Мин-екс, Ми-комерц,Жито- југ и Ротари клуб Кавадарци. До крајот на денот најавени се и други донации, а за утре хуманитарна помош најавуваат вработените во Полициската Станица од ОН- Кавадарци. Црвен Крст истовремено упатува повик до сите субјекти и поединци да ја покажат својата хуманост на дело.

13913628_10209934549016313_2883211275401497267_o.jpg

За утре попладне потребен е камион Со цел целата собрана донација да се достави до Скопје, а таа да се состои од околу 500 пакети со храна плус палети вода и останати средства за хигиена. Црвен крст упатува апел до хуманите луге, во случајот превозници кои би можеле да се вклучат во големата хуманитарна акција .