МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Повод за честитката е празникот посветен на просветителот и голем македонски православен светител Свети Климент Охридски

„Овој ден е посветен на Свети Климент Охридски. На овој ден се одбележува неговата апостолска дејност. На овој ден се афирмираат заедничките христијански и цивилизациски вредности со голема надеж за подобар и попросперитетен свет со основањето на Охридската архиепископија од страна на Свети Климент Охридски кој исто така е и основоположник на Охридската книжевна школа и творец на кирилиското писмо. Ние Македонците со огромна чест и задоволство го празнуваме Неговото дело.

Свети Климент Охридски ја продолжи мисијата на неговите учители Свети Кирил и Методиј и нивното духовно и хумано дело описменувајќи го народот. Неговото дело е наше духовно и културно богатство. Големината на делото на Свети Климент Охридски за нас претставува обврска за почитување на нашата традиција и духовно наследство. Во исто време и обврска да го чуваме и шириме неговото дело на идните генерации и да бидеме горди на нашата традиција и култура.

Нека е честит и вековит празникот! Вечно нека биде делото на Свети Климент Охридски

Се вели во честитката на Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев до сите граѓани, по подвод празникот Свети Климент Охридски.