МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Беа делени совети и препораки како да се заштитат пензионерите

Денес во Кавадарци инспектори од отсекот за превенција при СВР Велес и полициска станица Кавадарци, реализираа превентивна акција за заштита на пензионерите и постарите лица од некои видови на кражби: разбојнички кражби, разбојништва, џебни кражби и измами. Од нивна страна преку непосредна средба со граѓаните, усмено и преку флаери беа делени совети и препораки како да се заштитат и кои превентивни мерки да ги превземаат кога подигаат пензија и се пред банкомат, во пошта, банка, кога пазаруваат, кога се сами дома или излегуваат надвор а нивниот дом е празен, како и многу други препораки кои произлегуваат од вистински случаи.

Со ваквите превентивни активности и мерки ќе се продолжи и во иднина.