-Три автоматски металарки од денеска се ставени во функција за поголемата хигиена и чистота на Кавадарци.

По Скопје ,Кавадарци е втор град во земјата каде покрај работници работата за чистењето на градот и улиците со јавните површини ја преземаат модерни автоматски машини.Конкретно ЈП„Комуналец“ и градоначалникот Митко јанчев пред јавноста денеска промовираа три автоматски метларки за чистење .Се работи за автоматски машини кои за брзо време ке заменуваат работа на речиси 10-мина работници.Машините се набавени од Дуизбугр –Германија и чинат вкупно 85.000 евра.Иако се половни истите се во одлична кондиција и долго ке ја вршат основната работа.

Овие машини-метларки се донација од „„Синалко„„Германија, ИГМ-Трејд Кавадарци и „Кожувчанка“ Кавадарци.

-Ова е дел од Проектот кој што го имаме зацртано „Еко град“, односно грижата за поголема хигиена на градот продолжува. Јас како градоначалник заедно со бизнис секторот успеавме да обезбедиме три метларки кои што ќе ја одржуваат хигиената во градското подрачје, а во втора фаза и во руралните средини. Овие метларки ја собираат прашината и отпадоците од булеварите, улиците и тротоарите, исто така имаат и водено попрскување за намалување на прашината. Тоа ќе значи дека Кавадарци ќе биде модерен град. Комуналното претпријатие има модерна опрема и ќе има ефикасно работење во делот на хигиената“, рече Митко Јанчев.

Новиот генерален директор на ЈП „Комуналец„ Ѓоко Поп-Ицoв вели дека истите ке бидат ставени веднаш во фукција и битно ке ја подобрат хигиената во градот.

„За овие метларки ЈП комуналец имаше голема потреба. Истите ќе бидат прво искористени за улиците од прва категорија кои досега се пометуваа рачно, а ќе бидат употребени и за улици кои досега никогаш не се пометуваа. Мислам дека граѓаните годинава ќе бидат задоволни од хигиената“ вели Попицов.