МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ќе се постават 105 пластични пречки со цел намалување на пребрзото возење

“Општина Кавадарци денеска започна со реализација на проектот Поставување на средства за смирување на сообраќајот. Станува збор за поставување на конусни пластични пречки на коловозните ленти на неколку градски улици. Тие имаат за цел да го спречат брзото и непрописно возење.Согласно проектот, во наредниот период ќе бидат поставени вкупно 105 парчиња и тоа на неколку фрекфентни улици во близина на две основни училишта.Првите вакви пречки беа поставени на две локации на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ на влезот во ООУ „Тошо Велков-Пепето“. Потоа оперативата на специјализираната фирма „Боита Инг“ од Скопје работеше на Булеварот„Цветан Димов“ на влезот во ООУ „Гоце Делчев“и тоа на двете коловозни ленти.Овој комунален зафат на Општина Кавадарци ќе биде заокружен со поставување на 65 флуоресцентни пластични сигнализатори под стручно име „катадиоптери“. Тие имаат за цел во ноќните часови да ги предупредуваат возачите дека се приближуваат кон пешачки премин. Овие сигнализатори ќе се постават на улиците: „Охридска“, „Љубашка“ и „Партизанска“ со спојот на „Илинденска“, како и на улицата „Пионерска“ кај ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“.Општината очекува овие зафати во многу да ја подобрат безбедноста на сообраќајот низ фрекфентните градски улици“ се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев доставено до РТК.МК.