МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп едно лице загина а две се повредени

Во тeшка сообраќајна несреќа која се случи денеска околу 11 часот на патниот правец Градско-Прилеп во правец на Дреновската Клисура,едно лице загина а две се тешко повредени,информира Верољуб Додевски,портпарол на СВР Велес. Сообраќајката се случила помеѓу возило мерцедес со скопски регистарски таблици и камион Волво.- Патнички автомобил со скопски регистираски ознаки движејќи се по магистралниот пат Градско Прилеп од засега непознати причини поминува на левата страна и удира во товарно моторно воизло со велешки регистарски ознаки при што возачот на патничкиот автомобил загинал на местото на настанот а двете сопатнички со тешки телесни повреди се пренесени во Кавадаречката болница,изјави Додевски.На местото на настанот интервенирала екипа на Противпожарната територијална единица Кавадарци, која поради сериозноста на сообраќајката ги употребила ножиците за сечење,за кратко време ги ослободиле вратите и извлекле повредените,информираше командирот Илчо Богевски.- Во тешка сообраќајка со две тешко повредени жени,ги извлековме додека шоферот беше приклештен и починат на лице место.Пристапивме со маказа ,извршивме сечење и прошрување на лимаријата,за да можат повредените да се стават на носилка.изјави Богевски. Веднаш потоа со кавадаречката брза помош , повредените се пренесени во Општа болница Кавадарци.Во моментов се наоѓаат во стабилна здравствена состојба со скршеници и повреди по телата,информира дежурниот хирург ,др - Дано Кулев.- Повозрасната пациентка,мајката е со повреда во предел на главата со поткожно крварење во пределот на челото и со рани по лицето,беше во шок состојба кога беше донесена во болницата,ја дадовме потребната терапија со инфузија,ја стабилизиравме а имаше и повреда како фрактура на прсти на десната шака,додека помладата пациентка,нејзината ќерка со скршеници на лева и десна натколеница,со скршеници на десен рачен зглоб но во стабилна состојба,вели др.Кулев.Екипи на Полицијата вршат увид на местотo на несреќата.