МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Дефект е причина за излевањето на вода од атмосферската канализација на улицата „Блажо Алексов„ во Кавадарци јавуваат од ЈП„Комуналец„.

Покрај на просторот на улицата вода навлегла и во блискиот „Паб 37“,поради што од денеска напладне екипи на кавадаречкото јавно претпријатие работат на отстанување на дефектот кој е на спојот на улиците "Блажо Алексов" и "Цано Поп Ристов".Истовремено ке бидат изведувани и градежни работи.

-Се работи за поголем проблем кој ке се санира околу два дена, па затоа им се дава на знаење на граѓаните дека водата која ке се слева по улицата „Блажо Алексов„ е атмосферска а не фекална .Во случајот ке мора да се прокопа нов атмосферски одвод за атмосферската вода со што ке се спречи поппавувањето на кафеаната и другите дуќани покрај реката од левата страна,што досега и беше понекогаш случај- не беше денеска речено од одговорните кои работеа на местото на дефектот.Старата шахта која е поставена на почетокот на улицата „Цано Поп Ристов„ денеска се затвори со соодветен градежен материјал со цел преку истата да не се поплавуваат објектите.

И да напоменеме дека овој период кавадаречки Комуналец детално ги проверува и истовремено врши темелно чистење на сите атмосферски шахти пропусти и мрежи кои со години биле негибнати, па на места наталожениот отпаден материјал буквално е цеметиран и не е можен проток на вода.