Акцијата е спроведена во Градскиот парк по повод 12 мај денот на Ротарите

Акцијата е насловена „Ракавици,кеса,селекција-сите во Еко акција„На овој начин сите имаме можност да помогнеме во чистење на јавно прометните површини во нашиот град.„- се вели во пораката од Ротари клубот.

Еко акција од ваков тип се одвива паралелно во 13 градови на Македонија: Скопје, Велес, Кочани,Виница, Куманово, Тетово,Неготино, Штип, Прулеп,Кавадарци, Свети Николе, Битола и Охрид.

Таа е во рамките на обележување на глобалниот Rotary Day.

За овој прв Ротари ден во Македонија се организира акција за собирање и селекција на отпад, која ќе се одвива паралелно во сите градови каде има Ротари клубови. Оваа акција ќе реалзира во партнерство со Пакомак а целта не е само чистење на одредни локации, туку и преку дружење на ротаријанците заедно со сите граѓани и случајни минувачи да се подигне свеста како и перцепцијата за чистата околина и значењето да се има чист град.