МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советодавната група на граѓани, денеска имаше продуктивна средба.Во Полициската Станица од Општа надлежност каде се одржа состанокот и чии припадници беа присутни дебарираа за заштита од пожари, посебно на отворен простор-главно во шуми.

Одделението за превенција при ПС од ОН Кавадарци, одлично ја подготвило средбата на која беа присутни над 90 насто од потребнте структури, сите со свои ставови и насоки како наједноставно да се справат со огнената стихија во шума.Советодавната група на граѓани даде одговор на дилемите а тоа беше ставено и во заклучоците:Потребна е едукација на најмладите,соодветно поставување на табли,патокази и предупредувања на терен,организирање на делење флаери и информирање на јавноста, прецизирање за сите кои влегуват во шума, и водење грижа за однесувањето во шумите.Притоа беше нотирано дека бизнис секторот треба да биде соодветно вклучен со донации и помош во повеќе свери од справавањето со пожарите.Градоначалникот Митко Јанчев кој присуствуваше на состанокот во својата дискусија потврди дека од овој состанок треба да произлезат конкретни заклучоци со мерки кои треба да бидат превентивно преземени за брзо и ефикасно да се справуваме со пожари. Штетите во шумите не се само на дрвната маса туку тие се повеќекратни, на вкупната екологија во средината,ЕВН да известува веднаш по испаѓање од погон на одредени далноводи кои можат да бидат причина за исрење а потоа и пожар на терен.

Петко Ристовски-од ЈП Македонски шуми рече дека лани сме поминале добро кога се во прашање пожарите: На територијата на Општините Кавадарци и Росоман се случиле 15 пожари кои опфатиле 616 ха површина а за нивно гаснење се потрошени 700 илјади денари.Инаку во дикусијата се вклучија сите претставници од посебните,и специјализираните установи,претставници на Локалните самоуправи на Кавадарци и Росоман, и организации и Здруженија кои се инволвирани во процесот на чување престој или експлоатација шумски ресурси.Има материјани средства, воља, и спремност и ова година да не дозволиме да ни се случат пожари од поголеми размери.Ако тоа сепак се случи тогаш ке се организираме соодветно.

20180531_114645.jpg

20180531_111946.jpg