МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

122109735_830787647747645_7101742170992677657_n 122120483_644221116170778_2084472548813229687_n 122125963_1042175876205733_5821675598675143466_n 122151353_681648072749248_8379608340970665486_n

Во РТК.МК пристигнаа неколку фотографии за помор на риби на Тиквешко езеро.Фотографиите ги добивме денеска 21 октомври Неофиcиjално дознаавме дека се работи за риба на „ЗЛАТЕН Клас“ а со сличен проблем се соочува и рибникот на ДПУП „ДОШНИЦА“ ДООЕЛ, позиционирани непосредно во близина а Златен Клас.

Големиот помор на риби според објавени инфомации од сопствениците на ФБ, се случува во моментот, а почнувајќи од утринските часови во текот на вчерашниот ден, вторник 20.10.2020.

-„ На удар е целата наша произведена риба во количина од 120 тони. Иако настојуваме на секаков начин да интервенираме, вклучително и со додавање на вештачки кислород во водата како би ја спречиле оваа катастрофа, развојот на ситуацијата е се` уште неповолен„- велат од Златен клас.

Тие понатаму пишуваат;

-Катастрофално ниското ниво на акумулацијата во изминатиот период и нејзиното интензивно празнење кое трае и во моментот, го спушти нивото на кислород на алармантни 2 mg/L. Ова е за повеќе од половина од вообичаено присутниот кислород во нашите води, а кој е потребен за опстојување на рибата. И покрај тоа што позицијата на рибниците е точно над поранешното течение на Црна Река, овој помор до моментот се случува само во овој дел. о сега не е забележан помор на рибниците на нашите партнери, пријатели, соработници кои се распоредени на други позиции низ акумулацијата и се надеваме дека ќе остане така.“

Во понатамошното објаснивање за ова штета на рибниот фонд на рибникот и биоценозата на Тиквешко езеро се наведува :

-„Со случајот се запознати челниците на Владата и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Уште во текот на вчерашниот ден, направен е увид од Ветеринарен инспектор, земени се мостри од водата од страна на ИЈЗ, а однесени се мостри од водата и примероци од угината риба во Агенцијата за Храна и Ветеринарство во Скопје на дополнителни анализи и испитувања. Заедно со овие наоди, случајот ќе биде пријавен во Министерството за Внатрешни работи.„.

5555 22