Свечената седница и заклетва ја водеше Гувернерот на дистрикт 132 Михајло Ширговски кој им ги додели инсигниите и сертификатите на членовите

Oбраќање имаше и првиот Лајонс и Амбасадор на добра воља кој ја потенцира за важноста на лајонсите во заедницата, нивната хумнаност и делување како на локално така и на светско ниво.Обајцата како како највисок орган на ЛЦ Чикаго му ја предагоа и повелбата на Претседателот на клубот Маријан Ѓорѓиев.

Потоа се обрати и претседателот на Лионс клуб Тиквеш Кавадарци, Маријан Ѓорѓиев кој им го честита официјалниот влез на своите членови во големото семејство на Лионс интернационал и им посака успешна година и многу хуманитарни проекти.Тој нагласи дека Лионс клуб Тиквеш Кавадарци од самото свое формиранње во јуни годинава, активно се вклучи во заедницата и одбележа три проекти.Првата акција беше хуманитарното возно дефиле со ГТ кабрио клуб Македонија караванот имаше за цел да ја подигне свеста на населението за борба против ракот.Втората активност беше донација од наши членови на канцелариски мебел за потребите на Општа болница Кавадарци, каде беше опремена архивата и две канцеларии со канцеларииски мебел.Третата која се уште е во тек е бесплатниот скрининг и рано откривање на пречки во видот кај децата од предучилишна возраст со која беа опфатени децата од сите клонови на градинката Рада Поцева kaде беа констатирани аномалии кај 17 % од прегледаните кои беа упатени на понатамошни испитувања се со цел да се превенира кај истите.

24172617_10213215506758103_2058782791_n_1.jpg

Потоа претседателот го отвори донаторскиот дел од вечерта.Имено беа собрани финансиски средства кои ќе бидат донирани на децата без родители кои живеат во Кавадарци. Инаку „Лајнос клуб интернационал“ е иницијатива на граѓани која е посветена на идентификување на потребите на заедницата и општеството и која активно се обидува да ги исполни тие потреби. Таа е една од најголемите светска организации со околу 1.5 милиони членови организирани во 45.000 клубови и 209 држави. Фомирана е пред точно 100 години во 1917 година од страна на Банкари предводени од Мелвин Џонс во Чикаго. Lions клубовите им помагаат на социјално загрозените, на младите во светот но исто така имаат и цврста определба да и служат на заедницата.