МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 05.08.2018 година во 23.30 часот на регионалниот пат Неготино - Кавадарци, во с.Марена, патничко возило „Ауди А3“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Р.Ч.(31) од Неготино, излетало од патот. Притоа, возачот Р.Ч. се здобил со повреди и бил пренесен на лекување во комплексот клиники „Мајка Терза“- Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино„, се вели во редовниот билтен на МВР.