МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Согласно програмата за комунална изградба, Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за реконструкција на тротоарот на улицата „Партизанска“ кај паркот „Полана“.

Во моментив се изведуваат земјените работи за расчистување и отстранување на оштетениот дел на стариот тротоар.Според проектот на нивно место општината треба да изгради нов тротоар од павер елементи на површина од 480 м2. За оваа намена општината изввојува 590.000 денари. Средствата се обезбедени согласно програмата од буџетот за комунална изградба.

39188294_2234642176759831_6409518779746746368_n.jpg