МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во четврток, на 20 септември 2018, со почеток од 19.30 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе има премиера на претставата “Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Микица Илова.

Претставата е наменета пред се за младата публика и е во продукција на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Првата реприза е веќе во понеделник, на 24 септември 2018. Ова е втора премиера на кавадаречкиот Театар оваа година. Моментално на репертоарот е и хит претставата “Пасивно пушење“ од авторот Небојша Ромчевиќ, во режија на Јордан Витанов, а 2018 година кавадаречките актери ќе ја заокружат со уште две премиери и тоа една за возрасни и една за деца. Toa е голем успех и со голема гледаност за еден Театар кој по дефиниција го носи предзнакот аматерски, но кој со професионално однесување влегува во секоја подготвена претстава.