МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Четворицата велосипедисти од Кавадарци од „Тиквешки точакџии“- почитувачи на името и делото на Тоше Проески, вчера пристигнаа во Крушево по повеќе од 1.000 километри извозени на велосипед.

Потфатот го нарекоа „ОД СРЦЕ ЗА ТОШЕ“ , а сите се членови на Здружението Тиквешки Точакџии. Се работи за велосипедистите :Драги Јованов, Тони Стефанов, Маријан Хаџи Мустафов и Ѓорѓе Белевски кој стовремено ја обезбедуваше логистиката .Седум дена траеше патот од Нова Градишка-Хрватска во чест на Тоше, до Кавадарци а потоа и до Крушево .

Во Крушево тие го посеија Музејот на Тоше Проески,положија цвеќе на гробот на нашата музичка легенда, а беа примени и од Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христовски.

- Како Градоначалник на општина Крушево ми беше чест и огромно задоволство да ги пречекам овие наши промотори и амбасадори на Крушево после поминати толку километри и во разни временски услови пред Спомен-куќата на Тоше Проески. Преку организација на вакви и други настани културни, музички и спортски настани ќе продолжиме и понатаму како општина да го негуваме ликот и делото на нашиот Тоше„.

Инаку имаа средба и и со родителите на Тоше Проески.

Инаку тие се екипа од четворица велосипедисти, членови на „Тиквешки точакџии” од Кавадарци. Со автомобил стигнавме до Нова Градишка. Тројца ја минуваат маршутата на велосипед, а еден го вози автомобилот назад, како техничка подршка и заради безбедност.

Да потсетиме насекаде беа дочекувани со задоволство,, главно преноќува во шатори.

Поминаа 1.100 километир и за осум дена стигнаа од Нова Градишка до Крушево. Тие од Хрватска тргнаа на 19 септември, а денеска пристигнаа во Крушево.

Пред стартот на акцијата, кавадарчаните положија свежо цвеќе пред споменикот на Тоше во Нова Градишка.