МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЗА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЗАКАЖАНИ ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ТЕАТАРСКА ПРЕМИЕРА

Со почитување на мерките и протоколите во време на COVID - 19, Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци продолжува со културните настани поврзани со традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен“. Во понеделник, 2 ноември со почеток од 18.30 часот, ќе се оддржи промоција на најновата книга поезија на познатата кавадаречка поетеса Цветанка Колева, насловена како “Ти, моја, безмилосна една!“. Книгата е издание на издавачката куќа „Или Или“ од Скопје.Во петок, на 6 ноември со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци ќе има премиера на детската претстава „Малиот принц“ според текстот на Антоан де Сент - Егзипери, а во адаптација и режија на Микица Илова.

м.в.