МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот на Општина Кавадарци Александар Панов до верниците од исламската вероисповед во Општината Кавадарци, Вардарскиот регион и Република Македонија упатува искрена честитка по повод големиот исламски верски празник Курбан-Бајрам.

„На сите граѓани од исламската вероисповед, од името на Општината и во свое име, им посакувам честит Курбан-Бајрам. Овој голем празнк нека биде потстрек во хуманоста, толеранција и солидарност меѓу сите членови на исламската вера, а воедно и кон сите други луѓе припадници на различните вероисповеди.

„Оваа порака до секој верник од исламската верска заедница, да придонесе кон разбирањето, соработката и промоцијата на доброто, а пред се за мир на сите луѓе на овој свет“

Лично посакувам бајрамските денови да ви донесат мир, здравје и среќа, а пред се семејно и пријателско заедништво во духот на празникот. Бајрам Шериф Мубарек Олсун“