МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На денешната средба со новинарите преставници на Локалната самоупрва Александар Ѓорѓиев - раководител на ИТ секорот и Дипл. инг.Ванчо Ризов ,го презентираа новиот начин на осветлување на градот со Ваташа и Глишиќ, модернизацијата на нисконапоската мрежа и пристапот на граѓаните до Локалната самоуправа и Општина Кавадарци како проблемите би биле решавани поефикасно.

ВАНЧО РИЗОВ- Дипл. инг.-Општина Кавадарци

„Општина Кавадарци спроведе тендер постапка за набавка на работи за изградба, реконструкција и модернизација на системот за улично осветлување

Целта е да се се унапреди енергетската ефикасност на Општина Кавадарци, како и да се подобри квалитетот на животната средина, а притоа квалитетот на осветлувањето да биде во согласност со меѓународните стандарди и препораки за нивото на осветлување,

Предвидено е изградба на нова НН подземна мрежа за улично осветлување на 17 локации при што ќе се постави околу 420 метални столбови со висина од 4 до 10 метри, како и штедливи ЛЕД светилки со различна јачина, во зависност од потребите. Во новата мрежа ќе се вградат 12 000 метри нисконапонски кабел Освен ова предвидена е и реконструкција на 800 постојни лед светилки со нови високоефикасни диоди, дополнително опремени со оптика за распределба на светлината, и со претспоен уред кој овозможува во првите 6 часа да работат со 100% од осветлувањето, а после тоа потрошувачката се намалува на 50%. За 103 мерни места за улично осветлување, се поставува систем за далечинска контрола мониторинг и регулација на уличното осветлување. Тоа значи дека светилките ќе се вклучуваат и исклучуваат централно од едно место, според астро календарот за општина Кавадарци, со што се постигнува оптимизирање на работните часови. Овој систем овозможува постојано следење на потрошувачката на електрична енергија и реакција во случај на дефект, прегорена светилка или див приклучок, односно кражба на енергија.

Очекувани придобивки од системот: Придобивки од LED светилкиВисок и предвидлив животен век Нема еколошки штетни материјалиСветлината се емитува само со видливиот опсег, нема UV или инфрацрвено зрачење Компактна големина Намалена потрошувачка на електрична енергија Висока светлосна ефикасност (lm/W) Одличен индекс за рендерирање на бои (Ra) Отпорни на вибрации и удариЗаситени бои 100% јачина на светлосниот флукс по вклучувањето Не е потребно време за палење, ладење или зголемување на осветлувањетоДимирање– прилагодување на специфично ниво на осветлување со што се намалува потрошувачката на електрична енергијаПрецизно дигитално димирање Лесни се за рециклирањеПомало привлекување на ноќни инсекти

Општи и инфраструктурни барања: Користење на постоечката електрична мрежа на локациите каде се прави реконструкција на јавното осветлување и изградба на комплетно нова мрежа за јавно осветлување на локациите каде истото не постоиЦелосно исполнување на стандардите за осветлување на сите видови улици Значително намалување или елиминирање на трошоците за одржувањеНамалување на потрошувачката на електрична енергија Еколошка свесност – намалување на емисијата на CO2 Инсталација на нови и подобрени ЛЕД светилки со подолг рок на траење, кои ќе овозможат подобра контрола на боите и дистрибуцијата на светлината. Со инсталација на новите ЛЕД светилки, секоја од улиците треба да ја задржи својата класа на осветлување, дефинирана според стандардот за осветлување EN-13201-2015/МКТИ CEN/TR 13201-1:2016 или еквивалентно. „

АЛЕКСАНДАР ЃОРЃИЕВ- Раководител на ИТ сектор на Општина Кавадарци

„Почитувани !ПОПИС ОСВЕТЛУВАЊЕСакаме да ве известиме дека е склоп на модернизацина на системот за осветлување е направен комплетен попис за осветлување во општина Kавадарци .Овој попис односно овој процес го работиме повеќе од три масеци вклучувајќи специјализиран софтвер за оваа намена, комплетен физички попис на терен од страна служните во општината односно мој општинар.Секој столб има иникатна нумерација со баркод по кој ги имаме сите дополнителни информации како тип на столб дали е метален, бетонски или дрвен , каков тип на светилки има на тој столб и точна локација , и со тоа се олеснува целиот процес на пријавување и разрешување на дефекти во делот на осветлувањето.Со овој попис е опфатен градот Кавадарци вклучувајќи ги Ваташа и Глишиќ и во текот на наредната недела планираме да почниме со попис и во сите села на територијата на општина кавадарци.

НОВ СИСТЕМ Пријави проблем!Општина Кавадарци со голем интензитет работи на проекти преку кои се доближуваме до граѓаните и им го олеснување пристапот до општината и достапноста на службите ! По тој повод сакаме да ги известиме граѓаните на општина Кавадарци дека официјално e пуштен нов систем електронски да се пријавуваат проблеми , дефекти и консултации до надлезните служби на општина кавадарци, делот со комунални дејности , инспекцииски надзор, проблеми со осветлување и други , со комлетен увид на поднесени пријави , со статус дали се завршени и што е превземено или одговорено. Тука граѓаните ќе имаат и можност на закажување на состанок за приемен ден со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев со цел следење на мерките од ковид 19 и помала физичка присутност во просториите на општината и заштеда на време . Ова е веб базирано решение а ќе може користи комјутер и мобилен телефонНа веб страната на општина Каваадрци има информација за пријава и најава во овој систем и комплетно упатство со начин на работа. Благодарам ! „