МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

И покрај договорот на лозарите, МЗШВ и винариите,во почетониот период на бербата на винската сората „Кратошија-Вранец“,откупувачите „играат“ нечесно,бегаат од договореното.

-Тоа конкретно значи дека на лозарите кои им носат грозје со една шеќерна едница пониска од 19 односно од 20 шекерни едници, таквото грозје им ги враќаат , иако со договорот беше јасно назначено;во таков случај да се закине по 0,68 денари од шекерна едница, а не набраните количини да се вратат а со тоа да им се упропастат на лозарите-вели Љупчо Аризанов од “Агротиквешија“-Кавадарци кои на неколку места ја забележале ова појава.Во ваква состојба мора да реагира, и веќе се известени инспекторите на Државниот инспекторат во МЗШВ кои треба да се грижат за регуларно спроведување на договорената политика за годинашниот гроздобер, додаваат од ова Здружение.

Инаку цената за килограм „Вранец“ со најмалку 19 шекерни едници треба да се плати по 13 денари за килограм.Грозје откупуваат повеке винарии,и засега според анализата, откупните пунтови се малку и не ги задоволуваат реалните потребите за поднебјето на Тиквешијата.По престанувањето на дождовите се очекува масовна берба и поголема понуда на винско грозје за откуп во Општините Кавадарци и Неготино.