МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Eден од намасовно посетените настани во рамките на Кавадаречката културна есен се одржа синоќа во Галеријата на Домот на Културата „Иван Мазов Климе„.

Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци синоќа се одржa промоција на книгите за деца “Сонот на едно дете“ и “Разиграни букви“ од познатата кавадаречка поетеса и писателка за деца Тодорка Андова.Промоцијата е во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2018“ .Андова, веројатно затоа што има многу пријатели меѓу нас, и поради вредното творештво кое го ствара со децении, и поради нејзната предана педагошка работа со децата, собра многу народ на промоцијата.Вистинско задоволство беше да се присуствува на овој настан.

Деца-ученици, читаа извадоци од двете книги, а нејзините колешки од Литератураиот клуб „Тиквешки Цветпви„ кажаа по некој збор за неа, нејзината работа и за Тодорка како личност.Директорот на Домот на Културата Александар Малинков, исто така се вклучи во орезентирањето на дел од тематиката во новите две книги, беше пријатно изненаден од големата посетеност на промоцијата и во тоа име ни откри дека наскорио ова институција ке се заложи да обезбеди поголем простор з промоции како ова од сите област на културата.

20181.jpg

201811.jpg