МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Лидерот на опозицијата Зоран Заев денеска се сретна со лозарите од Тиквешијата на еден од приватните пунктови каде што разговараше за проблемот со откупот на винското грозје.

Заев рече дека со најдобри намери е присутен меѓу лозарите со цел да испорача помош и препорака до Владата да заедно ги решат проблемите кој што ги имаат лозарите.

000zz

Претседателот на СДСМ рече:

-Овде сме денеска да испратиме порака до Владата на РМ, за некои работи да застанеме заедно, директно ја охрабруваме Владата да направи интеревентен откуп на овие 50-тина милиони килограми црно и бело грозје кој што се останати во Тиквешијата и Македонија да бидат откупени, се работи за интервенција од неповеќе од 10 милиони евра.

Заев рече дека ќе се смогнат сили директно да интервенираат и да се откупи винското грозје и таму каде што има простор да се складира за да може дел по дел да се обработи во вино и да се продаде на пазарите ширум светот.

Само на овој начин, вели тој може да им се помогне на лозарите. Зоран Заев истакна Ако падне уште една слана, дожд, родот ќе отиде на земјата. Ќе го изгубат тоа за кое работеле целата година и од што егзистираат. Ова е последна година во Република Македонија во која лозарите ќе останат незаштитени. После декември, државата директно ќе биде вклучена со интервентен откуп, во организација на пласманот на земјоделското производство, вклучително и на грозјето. Тој верува дека е добра стимулирачка последната мерка на Владата за субвенции од по три денари за килограм за винариите кои ќе откупат повеќе од шеесет проценти од ланското грозје, но според него нема во целост да ги реши проблемите.

Тиквешкиот регион годишно произведува околу 130 милиони килограми црно и бело грозје, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.