МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска стартува изборната кампања на СДСМ во Каваадрци.Прес конференција одржа Даниела Колева кандидат за пратеник на СДСМ од Кавадарци.

„Почитувани граѓаниПочитувани медиумиДенеска СДСМ и Коалицијата Можеме ја започнува здравствено безбедната кампања преку која на гласачите ќе им ја претставиме нашата понуда за овие избори.За три години СДСМ и Владата што ја предводи покажаа одговорност, решителност и визија во решавањето на проблемите на граѓаните и државата. Направивме пресврт на подобро. Државата ја извадивме на прав пат.Од економија во минус обезбедивме солиден и постојан економски раст, повисоки плати и рекордно ниска невработеност. Од изолирана и заробена држава изградивме земја челнка на НАТО и земја преговарач со ЕУ. Денес успешно се справуваме и со здравствените и економски ефекти на коронавирусот. Донесовме навремени здравствени мерки, а со трите пакети економски мерки помогнавме да се спасат илјадници работни места, да се зајакне приватната потрошувачката и куповната моќ на граѓаните со ниски примања.Сега е време за нови иницијативи на кои се обрзуваме, пред граѓаните, но и пред себеси.Подготвивме понуда која обезбедува план за успешно справување со последиците на корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок. Подготвивме мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина.Градиме држава за достоинствен живот за сите. Инвестираме во македонското здравство. Им помагаме на компаниите успешно да се справат со кризата и да ги зачуваат работниците. Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните. Модел кој ќе генерира повисоки плати и подобри работни места. Модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните поколенија.Од другата страна го имаме ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од страна на Христијан Мицкоски. Партија без став за ниту едно важно прашање. Партија заглавена во режимската матрица од која ниту сака ниту може да излезе.Тоа е партија, водена од неодговорен човек, кој е посветен само на деструкција и чиешто однесување претставува опасност за државата.Нивното антидржавно однесување беше обележје во сите овие три години како опозиција, но и за време на кризата со коронавирусот.“Оваа разлика граѓаните ја препознаваат и на 15- ти јули граѓаните истата ќе ја потврдат.