МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Најуспешно изведен стечај во Македонија.Наместо да оди во старо железо, Фени индустри успешно е рестартиран со измирени обврски од околу 100 милиони евра.Најавени уште 10 милиони.Премиерот Зоран Заев со соработниците раководството на ЕуроНикел во Кавадарци ја посети фабриката во Кавадарци. ФЕНИ станува ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ, се спроведува реорганизација, инвестициите се во тек

Соопштение на ЕуроНикел-Кавадарци

„Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев денеска ја посетија Еуроникел Индустри во Кавадарци, за да го видат развојот во фабриката, порано позната како ФЕНИ Индустри.

За време на посетата премиерот и вицепремиерот се сретнаа со голем број вработени, како и со менаџерскиот тим за да се информираат за напредокот во реорганизацијата на фабриката, како и плановите на Еуроникел да стане главен европски производител на никел.

„ЕуроНикел Индустри е најуспешната завршена стечајна постапка во нашата држава и денеска е повторно една успешна приказна и го задржува приматот што го имаше долги години наназад, како најголем извозник на фероникел од Северна Македонија и двигател на македонската економија. Можеме слободно да констатираме дека се надминати сите кризи и затекнати проблеми и повеќе не постои ризик од банкрот со којшто се соочуваше компанијата. Вработените се задоволни и среќни и добиваат плата којашто ја надминува просечната нето плата, долговите се исплаќаат, се отвораат нови работни места и компанијата продолжува да извезува на странските пазари и да влегува во нови инвестициски процеси“, изјави Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев го изрази своето задоволство при посетата на компанијата Еуроникел, при што потенцираше дека вистинска среќа претставува моментот да се види фабрика, која беше во опасност да се претвори во старо железо, да работи со успех и да се види среќата кај работниците. Тој истакна дека со рестартирањето на Еуроникел се стави крај на голготата под која беа изложени сите вработени и компаниите кои соработуваа со Фени, при што потенцираше дека ова е најсветол пример за успешен стечај и гордост за сите институции на системот на државата.

„Еуроникел не е само статистичка бројка во Бруто домашниот производ. Тоа е судбина на целиот регион и сите вработени, задоволен сум што ја гледам среќата на лицата на вработените. Моето задоволство е уште поголемо, бидејќи преку разговори со менаџментот дознавме дека тие имаат план да инвестираат дополнителни 10-ина милиони евра во пуштање на нова печка, што значи дополнително производство, попозитивни резултати и нови вработувања. За оние кои покажаа сомнеж каде се 624-те милиони евра директни странски директни инвестиции во 2018 година, ова е најдоброто место од кое можеме да го дадеме одговорот. Околу 100 милиони евра се во овој комбинат, исплатени се сите доверители, долговите на компанијата и донесен е оперативен капитал во фабриката. Со гордост можеме да кажеме дека ја движиме македонската економија во вистинска насока, дека не правиме стиропор економија, туку реална економија на реални вредности и бројки“, подвлече вицепремиерот Анѓушев

Коментирајќи за денешната посета, Маркос Камхис, директор на матичната компанија на Еуроникел, ГСОЛ, рече: „Денеска сме привилегирани да го пречекаме премиерот и владините претставници. Нашата групација е горда што ја реализира една од најголемите странски директни инвестиции во земјата, отворајќи пат за фабриката да излезе од стечај под сопственост и името на Еуроникел. Сега сме фокусирани да обезбедиме раст на компанијата и економијата на земјата да напредува преку зголемената трговија со земјите во Европа и пошироко. Додека ги имплементираме нашите инвестициски планови, ќе ги споделуваме вестите за тековните случувања во врска со подобрувањата во производството, можностите за вработување и позитивните ефекти што ќе ги носи Еуроникел во заедницата“.

„Во моментов сме ангажирани во три оперативни области, првично управувајќи со секојдневните деловни и производствени активности, потоа имплементација на планот за реорганизација и конечно, со задоволство да објавам во оваа прилика, дека инвестицијата во реновирањето и рестартирањето на втората печка е веќе во тек. Ова е инвестиција од минимум 10 милиони евра, што ќе го доведе Еуроникел Индустри на врвот на фероникел произведители во Европа. Придобивките од оваа инвестиција се повеќекратни бидејќи ќе го зголемат производството и извозот, што исто така се претвора во прилив на девизи, нови работни места, поголеми можности за домашните добавувачи и изведувачи и секако, директно ќе влијае на растот на БДП на земјата. Се разбира, за да успееме во овие три полиња, ние се потпираме на стабилна и транспарентна институционална рамка, којашто е од клучно значење за странските инвеститори. Ние сме среќни што денес во просториите на Еуроникел сме домаќини на највисоките владини претставници на Република Северна Македонија и испраќаме порака дека нашата земја е атрактивна инвестициска дестинација“, изјави Герасим Кујунџиев, директор на Еуроникел Индустри.„- се вели во соопштението од денешната посета на премиерот Зиран Заев и зам. премиерит Кочо Анѓушев на ЕуроНикел-Кавадарци.

Јавноста треба да знае :

Фабриката започна со работа под раководство на Еуроникел преку договор за соработка потпишан во текот на стечајната постапка. Во текот на овој период, Еуроникел успеа значително да го зголеми производствениот капацитет. По рестартирањето на производството, во текот на 9 месеци во 2018 година, Еуроникел произведе повеќе од 10.000 тони никел, кои во целост се извезени, а до денес се произведени повеќе од 12.000т никел. Еуроникел ангажира повеќе од 200 локални транспортни компании и има база на снабдувачи составена од повеќе од 1000 домашни компании. Во моментов, околу 1.000 луѓе се директно вработени во фабриката за фероникел во Кавадарци.

ГСОЛ – Global Special Opportunities Ltd.

Основан во 2009 година, ГСОЛ инвестира во активности со основни метали и во моментов вработува над 2.500 луѓе во своите рударски и металуршки објекти на глобално ниво, вклучувајќи ја и фабриката за фероникел позната како Фалкондо во Доминиканската Република, која беше откупена од Гленкор во 2015 година.

Еуроникел, подружницата на ГСОЛ, во 2019 година го купи ФЕНИ Индустри, откако претходно започна со работа во фабриката, според договорот за соработка доделен од стечајниот управител на ФЕНИ и од одборот на доверители во 2018 година.

ГСОЛ реализираше над 80 милиони евра инвестиции во фабриката за фероникел во Кавадарци и извезе 10.000 тони никел од 2018 година.

0190306_122102.jpg