МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За значењето на изложбата воведни напомени даде директорката Весна Ѓорѓиева а за од името на Советот и Градоначалникот на Кавадарци говореше, а истовремено излшжбата ја отвори , советничката Виолета Димитрова.

Кустос етнологот за ракотворбите на жената во Тиквешијата , Томе Крстевски, кој е автор на изложбата ке напише :

„Ова е наш обид за потсетување на некои минати денови,кога вредните раце на нашите жени, везеле, плетеле, ткаеле, во нив ја внесувале тагата, маката, љубовта, радоста и се што го чини животот.

Вредните раце на жената со изложбата Ве потсетува на едно изминато време, во кое тие вложиле труд, но и љубов за да го разубават својот и животот на тие околу себе. Со тоа оставаат траен белег во нашето национално богатство.

Допирот на умешните раце на жената создале уникатни дела вредни за восхит и почит. Вистинска убавина е излеана во ракотворбите на жените кои остават посебен белег во времето, кој ќе остане засекогаш врежан во нашата историја да сведочи за македонскиот идентитет. Овие жени се амбасадори, афирматори, и презентери на нашето национално, традиционално и историско минато.

Неминовно на динамиката на живеењето, современата жена има многу обврски и нема време да ги создава и да ги одржува низ домот. Но, кога ќе се отворат вратите од плакарите, се враќа споменот од минатото, спомен на нашите баби и мајки кои макотрпно ги создавале овие ракотворби.

Жената творец на ракотворбите за изложбата, преку најразличните мотиви, а со тоа и симболите што ги користи ни прераскажува дел од својот живот како од раѓањето, бракот и умирачката. Односно животниот циклус од традицијата на македонскиот народ во етничкиот предел Тиквеш.„

Видео материјал од отварањето на ИЗЛОЖБАТА „Ракотворбите на жената во Тиквешијата“.