МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Кавадарци вчера се одржа свеченост по повод 17-ти март ден на Црвениот крст и ден на крводарителите.

На прославата на најзначајниоит ден посветен на најастарата хуманитарна организација во светoт и кај нас признанија добија крводарители кои даруваа крв 4 пати во една календарска година и крводарители кои даруваа крв јубилејно по 25-ти, 50-ти, 75-ти и 100-ти пат.

За најуспешните беа доделени награди плакети, скромни подароци и рачни часовници со подршка на Градоначалникот и локалната самоуправа Кавадарци. Меѓу наградените беа и службата за трансфузиологија Кавадарци, претседателот на Црвен крст Кавадарци Димитар Каракулев за долгогодишната волонтерска работа во црвениот крст, а признание доби и Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев за неговата хуманост и подршка на активностите на Црвениот крст. Голема благодарност Црвениот крст на Кавадарци упати и за медиумите, се разбира за РТК.МК ,и останатите за нивната промоција на хуманата мисија .