МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НАШИТЕ ПОЗНАТИ МЛАДИ МУЗИЧКИ ТАЛЕНТИ-АМБАСАДОРИ: "ТАЛИА и НИКОЛА ВАСИЛОВИ"или "ДУО ТАНИНИ"од КАВАДАРЦИ неуморно и со голема љубов,труд и желба продолжуваат по патот на музичката и танцовата уметност со своите успеси, со настапи,фестивали,натпревари(локално,регионално,меѓународно) и со својата харизма,позитивност и професионалност ги освојуваат симпатиите на публиката во земјава и надвор од неа.

ДУО ТАНИНИ по прв пат се учесници на познатиот македонски музички фестивал за деца со најмноги детски песни и хитови- "СИ ДО"во Битола,во соработка со директорот на фестивалот Дарко Шерденков,ПРЕМИЕРНО ке настапат со нивната нова авторска песна "ТАТКОВИНО".

ТАНИНИ заедно со сите учесници на фестивалот СИ -ДО ги поканува сите љубители на детската песна игра и забава на "25 април"во три одделни термини во Центарот за култура во Битола и заедно да уживаме во 23то издание на овој фестивал(детските срца заедно да чукаат во ритамот на песната).

"ТАНИНИ"продолжуваат со своитe настапи,фестивали,натпревари,гостувања,промовирања,снимања,спотови и во иднина...и како ДУО ТАНИНИ и поединечно...Тие веќе имаат искуство на сцената и позитивно се прифатени од публиката .Поистакната е нивната кавер песна "Две лири" за која имаат снимено и видео спот.Сите досегашни и идни спотови,гостувања,фестивали,натпревари може да се погледнат на нивната фејсбук страна ТАНИНИ КАВАДАРЦИ,и на Ју тјуб каналот ТАНИНИ КАВАДАРЦИ

Само пред извесен период НИКОЛА (кларинетист) се врати од БЕЛГРАД со освоено 3-место на Меѓународниот натпревар по кларинет за класична музика во класа на проф.Лазар Соколов во склоп на ОМБУ ЛАЗО МИЦЕВ РАЛЕ-КАВАДАРЦИ.На НИКОЛА му претстои и ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР во СКОПЈЕ за класична музика..

ТАЛИА(естрадно,соло пеење/балерина/пијанист) се подготвува за меѓународен натпревар ЕЗЕРСКИ БИСЕРИ по соло пеење во Струга ,и следува Меѓународен натпревар по танц во Скопје во склоп на клубот Линеа-Кавадарци.Поканети се на повеќе настапи,фестивали,натпревари,гостувања и на домашно и на меѓународно ниво..

ТАЛИА И НИКОЛА(ТАНИНИ)продолжуваат со позитивна енергија да ја шират и покажуваат својата талентираност..и град Кавадарци и државата треба да бидат горди на своите млади таленти.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2402494513128297&id=148519138525857

55943915_2056852487945788_7788434767615098880_n.jpg

56759172_571606566579004_8598614115314827264_n_1.jpg

56673172_313714539290274_4348860064593870848_n.jpg

56618787_2570733332941327_2945680208742580224_n.jpg56520028_576408182849662_6774348617722363904_n.jpg