МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци продолжува со реализација на капитален проект за реконструкција на главните улици во градот.

Оперативата на агажираната фирма изведувач денеска стартуваше со гребењето на стариот и оштетен асвалт на улицата „Цано Поп-Ристов“. Со ова започна ревитализацијата на една од најстарите и најзначајните сообраќајници. Реконструкцијата се однесува на целата должина на улицата од мостот кај „Јаворот“ до старата автобуска станица“

Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.

Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка.

58004035_2397496757141038_4181904558265466880_n.jpg58441299_2397496840474363_8284399741073096704_n.jpg