МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во рамките на проектот на USAID за меѓуетничка интеграција во образованието, во просториите на Гимназијата „Добри Даскалов” се оддржа форум-театар работилница.

На сцената беше поставен конфликт на меѓунационална основа за разбивање на стереотипи, а во публиката беа околу 70 ученици и професори од училиштето. Работилницата ја водеа професорите Кочо Кочов и Зоран Милевски, додека истата ја следеа и директорката на училиштето Невенка Поп-Ангелова, како и гостите Горан Илиќ и Кети Дончевска Илиќ – актери во кумановскиот театар и долгогодишни тренери за форум-театар работилници.Присутните ги поздрави Виолета Симјановска од Мулти медиа Скопје – партнер организација на USAID.

Форум-театарот е моќна алатка за разрешување на конфликти и публиката може активно да се вклучи да се замени со некои од актерите и да даде свој придонес во разрешувањето на конфликтот. Учениците беа заинтересирани со оглед на тоа што ова беше ново и несекојдневно искуство, кое ги натера на креативен начин да го разрешат проблемот кој беше на сцената, и воедно ги поттикна да размислуваат како може да придонесат за решавање на такви слични меѓуетнички прашања.