МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градежната оператива на фирмата „Градба промет“ во село Ваташа работи на кејот шеталиште по коритото на реката „Луда Мара“.

„Според динамиката деновиве се извршуваат работи на бетонирањето на пешачките патеки над минорното корито, се поставуваат канделабри од јавното улично осветлување, како и се доуредуваат страните од големото корито на потегот пред фудбалското игралиште.

На проектот „Кеј шеталиште“ во Ваташа досега е бетонирано минорното корито со потребните каскади и се оформени контурите. Според проектот новиот кеј на потегот од паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат е во должина од 770 должни метри.

За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.„-соопштуваат од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

65888055_2450452478512132_7339745190673907712_n_1.jpg

65868081_2450452458512134_2849337207460724736_n.jpg

000200.jpg