МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На Градскиот плоштад во Кавадарци се одржа манифестацијата “Арт рок хепенинг“Случувањата всушност започнаа во Летната бавча на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ каде 20-сетина ликовни уметници од повеќе градови низ Македонија реализираа по едно уметничко дело, а истите ќе ги финализираат пред јавноста на Градскиот плоштад од 19 часот. Учествуваат ликовните уметници: Драган Најденовски од Битола, Новица Трајковски , Андријана Мациев од Скопје и Киро Јосифов, Лазар Дојчинов , Горан Боев од Кавадарци и други етаблирани македонски ликовни уметнициКако дел од настанот ќе биде изведен дел од проектот со работен наслов Уличен театар “Живи скулптури“ на Театарот при Дом на култура Кавадарци, кој е авторски проект на Микица Илова и Сара Милевска.Тој предизвика големо внимание кај најмладата публика.„Ано бенд„-не потсети на неколку добри шлагери и рок музички рефрени.

Модератор беше Диме Коцевски.

м.д.

116127470_571968646816044_1290769972406207015_n 116129126_288120662299317_6247172531826583224_n