МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Почина Блаже Богев- македонски пеач со кадифен глас како на Бадев.Како ретко кој пеач тој успеваше да ви ја разгали душата со стари македонски песни и серенади за душаБлаже, зад себе има повеќе албуми со стари македонски песни е горд на своите наследници. Неретко тој изјавува дека турбофолкот ја уништува нашата фолк сцена, и дека се повеќе се прави музика која што е повеќе за гледање, отколку за слушање. Токму бранот од нови турбо фолк пејачи бил причина тој да се повлече од естрадата и да направи пауза од речиси цела деценија. ,,Во Македонија има добри музичари, но за жал тие не се доволно ценети, нам секогаш туѓото ни е позначајно. Со квалитетна песна решен сум да започнам со исправување на таа неправда која што им е нанесена на сите талентирани музичари, но и на македонската музика, затоа што сепак, идните генерации заслужуваат добра песна, а не минливи хитови“, ќе изјави Блаже.Блаже Богев е пејач, кој долги години е присутен на македонската естрада. Тој за себе вели дека ја имал таа привилегија да влезе во музиката во времето кога се знаеше кој пее и кој свири, во времето кога имаше критериуми во тогашната музичка продукција на РТСкопје, во времето кога на сцена остануваш и си третиран како пејач само ако имаш квалитет.

Пред многу години не ни помислувал дека на зрели години ќе започне да гради кариера надвор од земјата.Повеќе од триесет години беше на естрадата и беше голем боем, но и патриот во душа.- „Кога се работи за преселба, не планирам да го напуштам моето Кавадарци, но ќе снимам и настапувам во Србија,и други земји како во изјави во едно од многуте интервјуа пејачот којшто има снимено шест албуми со македонска фолк музика.

Блаже Богев доби свои музички наследници. Настапуваше со неговиот син Роберто и снаата Благица.

Ова уште еднаш докажува дека Македонија има пејачи кои вредат, пејачи кои своте успеси ги покажуваат и се ценети надвор од границите на земјава, додека истите кај нас не се третирани онака како што заслужуваат.Блаже имаше обожаватени од земјата и странство.

Кавадаречката естрада загуби голем пеач со одличен глас.

https://m.facebook.com/watch/?v=216605062966032&_rdr