МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вчера попладне се одржа средба на Министерство ЗШВ со градоначалниците и пратениците од тиквешкиот регион и претставници на лозаропроизводителите на кој беа присутни: Министерот во МЗШВ – Трајан Димковски, пратениците: Панчо Минов , Даниела Колева и Лолита Ристова - Градоначалникот на Општина Кавадарци - Митко Јанчев, Градоначалникот на Општина Неготино – Тони Делков, Градоначалникот на Општина Демир Капија – Лазар Петров и претставници на лозаропроизводителите беа донесени овие заклучоци:

1. Во врска со откупот на овогодинешната реколта на грозје се предлага цените за сите сорти на грозје да останат исти како и минатата година, како и минималната шеќерност, независно од интервенцијата на државата према винариите лозарите.

2. Се предлага до средината на наредната недела да се одржи состанок помеѓу МЗШВ и винариите со цел да се утврди откупната цена на грозјето за овогодинешната реколта и количини за откуп.

3. Се предлага решавањето на проблемот со вишокот на грозје да се изврши со интервенција од државата.

4. Заради нарушување на домашниот пазар на вино намалување на цените на поголемите извозни пазари предизвикани од Корона кризата, винариите доколку имаат потреба аргументирано да бараат соодветни реални мерки од државата. 5. МЗШВ да ги информира нашите амбасади во соседните држави и трети земји за извоз на винско грозје по лански откупни цени.

Инаку Управниот одбор донесе свои заклучоци во кои се содржани главните барања кои ќе бидат базни за надминување на состојбите во лозарството кои 30-сетина години не се мрднати од место:

-Владата да интервенира на пазарот и да ги спречат злоупотребите на винариите кон лозарите .Штом на винариите не им треба грозје , владата да го субвенционита овогодишниот род на лозарите по цени минимум како минатогодишните, а лозарите грозјето нема да го предадат на вибариите.

-Владата да направи напор грозјето да се извезе на странските пазари

-Владата да го субвенционира копачењето на лозовите насади

-Владата во консултација со лозарите да достави предлог закон за производств на грозје до пратениците во Собранието.

м.д.