МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Елизабета Филипова,наставничка по англиски јазик еТвининг амбасадор во Република Македонија.

Повеќе од 500 наставници, членови на националните агенции, членови на Европската Комисија и претставници од Министерствата за образование на 41 држава беа присутни на Годишната еТвининг конференција која се одржа од 27 до 29 октомври во Атина, Грција.На оваа конференција беа доделени 12 награди во различни категории, а ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ ја доби наградата „Марија Склодовска Кири“ за проектот „Млади научници“.

Наградата ја доби наставничката по англиски јазик, Елизабета Филипова која еТвининг амбасадор во Република Македонија. Во овој проект учествуваа учениците од шесто одделение и наставничките: Елизабета Филипова, Цвета Маркушева, Слободанка Стоева, Елеонора Гурева, Снежана Костова и Славица Јаневска. Оваа награда за прв пат ја добива училиште од Македонија заедно со партнерите кои работеа на заедничкиот проект. Во овој проект учествуваа училишта од 40 европски држави. Учениците од шесто одделение имаа видео конференции со ученици од сите европски земји и правеа експерименти за да научат за својствата на водата и воздухот. Учениците нацртаа цртежи и напишаа пораки за како да се зачуваат водата и воздухот, ги изложија во ходниците на училиштето и направија видео записи. Видео записите беа објавени на Facebook и учениците ги споделуваа со цел да се прошират нивните пораки.Конференцијата беше на тема „еТвининг и дигиталното граѓанство“. Имаше предавања за употребата на еТвининг во зголемувањето на можностите на училитата за како да ги подготват учениците за целосното дигитално општество во иднината.еТвининг е платформа за соработка со наставици од сите европски држави на заеднички проекти со употреба на ИКТ и е под поткровителство на Националната агенција за европско образование и мобилност.