МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

РОСОМАНЧАНИ ВО ОВА КОЛО ГОСТУВААТ ВО КОЧАНИ НА ТИМОТ НА ОСОГОВО КОЈ Е БЕЗ ПОБЕДА ДО СЕГА

Поради репрезентативни обврски фудбалските прволигаши паузираат но затоа второлигашите ке си го одиграат редовното 7 првенствено коло.Во источната конкуренција ова коло ке мине во знакот на пресметката на поранешните прволигаши екипите на „Тиквеш“ и „Победа“ од Прилеп.Утре со почеток од 15.00 екипата на „ГФК Тиквеш“ го менува и местото на „домаќинлакот“ па сега ке ги шпречека прилепчани на стадионот во Росоман. „Победа“ во моментов е на позицијата број 4 со 6 бода заостанување зад водечките „Тиквеш“ и „Брегалница“ кои имаат по 14. „Тиквеш засега е без пораз но сеуште нема домашна победа па сите се надеваат дека конечно ке извлечеме полн плен на домашен терен со што би ја задржале лидерската позиција на табелата. Сепак „Победа“ не е нималку наивен противник и затоа утре во Росоман може да се очекува квалитетна фудбалска претстава.

Тимот на „Росоман“ во ова коло гостува во Кочани кај екипата на „Осогово“. Росоманчани досега освоиија 7 но добро би било да го зголемат ова салдо. Од друга страна „Осогово“ досега има освоено само 4 бода, нема првенствена победа и нормално ке сака тоа да се случи токму против „Росоман“. За сите љубители на фудбалот да напоменеме дека ке има директен пренос со коментар од средбата „Тиквеш“ - „Победа“ утре на фејсбук профилот на RTK.MK од 15.00 ч.

м.в.

120968593_1230850050613719_1579253247917973652_n