МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По двете момчиња од Кавадарци, кои на 21 и 26-годична возраст починаа од коронавирусот на Инфективната болница во Скопје, вест која го потресе Кавадарци и Македонија , во последното деноноќие починал и нивниот дедо. Toj, за жал,имал повеќе коморбидитети, по што почина.

Ова вест денеска ја пренесоа многу медиуми и портали.

Инаку во семејството Ѓерѓеви позитивен на вирусот е и третото братче. Но, за среќа се уште нема побарано болнички третман, и засега нема побарано болнички третман.Инаку неговата здравствена состојба постојано се следи од страна на матичен лекар.

Претходно, како што наведува директорот на кавадаречката болница, Д-р Диме Коцев ,заразен со коронавирусот бил и нивниот татко, но и на него не му била потребна хоспитализација, а оттогаш се поминати две недели.