МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Оперативата на фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци, денеска изврши монтажа на вториот од вкупно трите предвидени портали „порта“ на влезовите во градот. Се работи за метална конструкција со широчина од 11 метри во основата и 10 метри во горниот дел кој е висок 5 метри. На горниот дел од двете страни се поставени видео панели долги осум а високи еден метар. Втората „порта“ е монтирана на локација под поранешен „Југокомерц“ на влезот од правецот на Прилеп. Претходно општината постави иста ваква конструкција на регионалниот пат Кавадарци-Неготино. Третата порта ќе се монтира на почетокот од идната недела на регионалниот пат Кавадарци-Росоман. Според проектот на Општина Кавадарци, на видео екраните ќе се испишуваат сервисни информации од корист на возачите, а истите ќе бидат управувани и уредувани делечински од контроланата соба на повикувачкиот центар сместен во општинската зграда. 125260419_2896928887197820_8163149316607729428_n