МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Министерството за Труд и социјална политика, Општина Кавадарци и Црвен Крст ОО Кавадарци, го потпишаа Договорот за Грант за Подобрување на социјалните услуги во општина Кавадарци во висина од 10 889 000 денари. Овој проект ќе се реализира во партнерство со Црвен Крст од Oпштина Кавадарци, во својство на Даватели на услуги. Услугата обезбедува помош во вршење на основни (лична хигиена, облекување, мобилност во домот, хранење, користење тоалет, менување на пелени) и инструментални (поддршка при чистење, посредување за поправки, перење, готвење, купување продукти, надворешна мобилност, земање медицинска терапија) активности од секојдневниот живот до 80 часа месечно, за лица со намален функционален капацитет кои неможат сами да се грижат за себе, со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата. Услугата опфаќа до 100 стари лица, кои ќе ја добиваат услугата согласно Правилникот за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги помош и нега во домот. („Службен Весник на РСМ“ бр.268/2019). Трошоци за воспоставување на социјална услуга во висина до 1.673.000 денари, а Вкупно трошоци за давање на услуга по проектиран број на приматели на услугата т.е. согласно бројот на негователи за доставување на услугата за 12 месеци во висина од максимален износ до 9.216.000 денари...