МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фондацијата „Никола Јанчев“ денес исплати две стипендии,односно шестата и седмата стипендија, на добитниците од последниот јавен повик за стипендирање на талентирани студенти. Стипендиите, да потсетиме, свечено беа доделени на 19.12.2019 година. Единаесет студенти оваа година ќе добиваат стипендии кои ќе им помогнат безгрижно да го продолжат своето образование. Фондацијата „Никола Јанчев“ веќе повеќе од две години , два пати годишно ги насочува своите средства онаму каде што е најпотребно. м.д.