МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЗА ПОДРШКА СЕ ПРЕДВИДЕНИ 6.700.000 ЕВРА КОИ ЛОЗАРИТЕ КЕ ГИ ДОБИЈАТ НА СВОИТЕ СМЕТКИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА.На ПРЕС конференцијата зборуваше Александар Димитријовски член на ИО на СДСМ Кавадарци.

интегрален текст :

„Почитувани претставници на медиумите, Почитувани сограѓани

Во изминативе три години покажавме вистинска грижа за лозарите. Во овие услови на тешка здравствена и економска криза, кога лозарството е една од гранките која беше доста погодена, Владата на чело со премиерот Зоран Заев не ги оставија лозарите на цедилокако што тоа беше случај во минатото. За таа цел минатата недела Собранието го изгласа Законот со кој се овозможува дополнителна поддршка за лозарите кои го предале своето грозје кај регистрирани винарски визби или за извоз на винско грозје. За поддршка на лозарите предвидени се 6.700.000 евра, а парите ќе им бидат исплатени на сметките на лозарите до крајот на оваа годината преку Ковид фондот од страна на владата.Поддршката предвидува шест денари за килограм винско грозје предадено во регистрирани винарии, а наменето за производи од грозје и вински дестилат, како и два денара за килограм винско грозје предадено кај регистриран откупувач за производство на вино или за извоз на винско грозје за сите вински сорти.Секој земјоделец кој предал винско грозје за извоз кај регистриран откупувач , било во гајба или слично му следува 2 денари финансиска поддршка преку фондот за Ковид од влада и парите ќе сеисплатат до крајот на оваа година . Додека и за откупувачите кои извршиле извоз исто така му следува финансиска поддршка со тоа што доколку извезиле до 12 милиони им следува 2 денари , од 12 до 25 милиони 3 денари и над 25 милиони килограми 4 денари преку фондот за Ковид директно од Влада.Покрај ова дополнителни два денари по килограм, лозарите ќе добијат за предадено винско грозје во регистрирани винарарски визби преку програмата за директни плаќања од Агенцијата за финансиска поддршка. За оваа мерка лозарите треба да аплицираат до 25 декември со валидна потврда заверена со штембил и печат, а парите се предвидени за исплата со новиот буџет во 2021 година според рокот за исплати во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Мерката е наменета за сортите на винско грозје смедеревка, вранец, црн бургундец, станушина, кратошија, жилавка, кадарка.Продолжуваме посветено да работиме уште повеќе за поквалитетно земјоделско производство. Како одговорна партија СДСМ презема чекори и мерки во интерес на лозарите и креира политики, кои го унапредуваат земјоделството и го подобруваат стандардот на земјоделците.Ви благодарамАлександар ДимитријоскиЧлен на И.О СДСМ Кавадарци“