МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот на Опшина Кавадарци -Митко Јанчев денеска јавно се обрати до граѓаните .Повод беше фунционирањето на „Мој општинар„ нова дејност во рамките на работењето на Локалната власт која стартува по именувањето за градоначалник на Кавадарци 2017 година.По тригодиншно работење очигледни се успесите на ова служба која стана синоним за брзо и ефикасно фунционирање на Општината во служба на граѓаните:

„Почитувани, Проектот Мој општинар беше дел и од предизборната програма за градоначалник. По неполни два месеци од почетокот на извршувањето на функцијата градоначалник, проектот Мој општинар беше целосно подготвен и промовиран. Осум вработени лица излегоа на терен, опремени со потребните ресурси и започнаа да ги запознаваат проблемите на жителите и полека да ги решаваат. На почетокот функциониравме со пријавување на проблеми и решавање на истите, полека овој проект прераснуваше во сериозен сектор кој е вклучен во правењето на годишните програми за работа на Општина Кавадарци. Мој општинар се вклучени и во реализацијата на голем број значајни проекти но и се иницијатори за нови проекти кои ги бараат граѓаните во рамкиите на нашите можности. До денес , Мој општинар функционира веќе три години. Три години го оправдуваат постоењето на овој проект со видливи резултати на терен и значително подобрена слика на нашето Кавадарци. Големо внимание се обрнува и на руралните средини , кои Мој општинар редовно ги посетува и ги пренесуваат до службите барањата на жителите. Моето задоволство е огромно, затоа што успеавме преку Мој општинар да создадеме една клучна алка која ја поврзува локалната самоуправа дирекно со жителите на Општина Кавадарци и тоа во една секојдневна комуникација и брзо и ефикасно делување. Јас се надевам, дека овој проект ќе служи како пример и за другите општини и со неговото имплементирање ќе се подобри врската со граѓаните. Ви благодарам,„

131117891_2930623027157547_8516814579812696939_n

Од името ба службата на „Мој Општинар„ денеска се обрати Димитар Радњански -

Интегрален текст

„Почитувани, Проектот Мој општинар беше дел и од предизборната програма за градоначалник. По неполни два месеци од почетокот на извршувањето на функцијата градоначалник, проектот Мој општинар беше целосно подготвен и промовиран. Осум вработени лица излегоа на терен, опремени со потребните ресурси и започнаа да ги запознаваат проблемите на жителите и полека да ги решаваат. На почетокот функциониравме со пријавување на проблеми и решавање на истите, полека овој проект прераснуваше во сериозен сектор кој е вклучен во правењето на годишните програми за работа на Општина Кавадарци. Мој општинар се вклучени и во реализацијата на голем број значајни проекти но и се иницијатори за нови проекти кои ги бараат граѓаните во рамкиите на нашите можности. До денес , Мој општинар функционира веќе три години. Три години го оправдуваат постоењето на овој проект со видливи резултати на терен и значително подобрена слика на нашето Кавадарци. Големо внимание се обрнува и на руралните средини , кои Мој општинар редовно ги посетува и ги пренесуваат до службите барањата на жителите. Моето задоволство е огромно, затоа што успеавме преку Мој општинар да создадеме една клучна алка која ја поврзува локалната самоуправа дирекно со жителите на Општина Кавадарци и тоа во една секојдневна комуникација и брзо и ефикасно делување. Јас се надевам, дека овој проект ќе служи како пример и за другите општини и со неговото имплементирање ќе се подобри врската со граѓаните. Ви благодарам,„- беше речено на денешниот Прес во Општуна Кавадарци по повод 3 годишното работење на „Мој општинар„